Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16 и на 17.08.2024 година (петок и сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се вели во соопштението на градот.