Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец постапувајќи по кривична пријава, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 12 август, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи автобус сопственост на ЈСП Скопје по општинскиот пат Шуто Оризари –Горно Оризари, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.
Кога дошол во близина на крстосница со сервисна улица која го поврзува општинскиот пат со улицата „Александар Урдаревски”, постапил спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па со автобусот свртел во лево за да избегне кабаст отпад, шут и друго ѓубре расфрлани по десната страна на коловозот и преминал на левата страна, односно на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока.