(ВИДЕО) Безбедносни камери снимија силуета над крстот: Луѓето се уверени дека се „покажал“ Исус

0
15504

Недалеку од хрватскиот град Лабин, кај местото Скитача, безбедносните камери снимија навистина интересна појава

Облаците над врвот Орлиќ, инаку познато место кое редовно го посетуваат верници, накратко формираа силуета која предизвика големо внимание во јавноста, откако неколкумина прокоментираа дека истата ги асоцира на ликот на Исус Христос.
Снимката лани стана вирална, а многумина се прашуваа за што се работи и дали за ова постои научно објаснување.

Набргу следуваше појаснување. Како што се наведува, комбинацијата на прекршување на сончевата светлина и капките дожд на камерата заедно со испарувањето на водата од бетонскиот крст ја создале оваа неверојатна сцена која траела цели 15 минути.

Како изгледа овој феномен, погледнете во продолжение!