Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, со оглед на тоа дека доаѓа циклонска активност која ќе биде на висина и со центар над Италија, истата ќе услови и тоа од викендов, па се до вторник да имаме исклучително нестабилна атмосфера. Врнежи, грмежи и засилен ветер очекуваме во најголем дел од Македонија.
На повеќе места ќе има појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
Доброто е во тоа што врнежи очекуваме и во најкритичните места во поглед на пожарите, па така очекуваме овие врнежи многу да помогнат во гаснењето на истите.