Познатата хрватска инфлуенсерка Лада Кушец Дечи, која на социјалните мрежи го користи псевдонимот С.Лада.К, неодамна на своите следбеници им покажа видео во кое за прв пат го јаде, како што тврди таа, „најскапиот бурек на светот“.
Го пробала во Дубровник, каде платила дури 20 евра, што привлекло големо внимание кај нејзините следбеници.
Во своето видео таа истакна дека едно од парчињата што ги пробала било несолено, но дека бизнис идејата на пекарата што ја продава во Дубровник е навистина импресивна.
Според неа, пекарата се карактеризира со стратешки пристап кон продавање производи по висока цена, што, вели, е „во најмала рака иновативно ве носам на најскапиот бурек на светот, веројатно“.
„Во Дубровник платив 20 евра за три мали парчиња бурек. Иако очекував туристичка измама, телешкиот бурек беше исклучително вкусен. Бурекот од сирење и спанаќ не беше доволно солен“, вели Лада во своето видео, иако тоа на видеото баш и не личи на бурек.
@s.lada.k Idem u dubai na burek