Почина пациентката со лимфоидна леукемија и ковид, која не беше хоспитализирана на Инфективната клиника, поради тоа што одделот за интензивна нега каде има 5 кревети се реновира. Таа била хоспитализирана на Клиниката за хематологија, од каде побарале да биде пренесена на респиратор, ама на Инфективна клиника одделението за интензивна нега се реновира и известени биле дека немаат таква можност. Барале нејзина хоспитализација и на КАРИЛ, ама и таму немало изолирана просторија за ковид позитивни пациенти.
Според документите до кои дојде „Слободен печат“ специјалист од Клиниката за хематологија барал од ТОАРИЛУЦ конзилијарен преглед и мислење за трансфер во единица за интензивна нега. Пациентката била во кома но одржувала сатурација од 85 проценти со маска на висок проток.
Потоа од ТОАРИЛУЦ одговориле:
Заради Сарс ков 2 тест кај пациентката потребна е консултација со инфектолог за евентуална потреба од интензивно лекување на УК за Инфективни болести.
СДСМ денеска информираа дека пациенти со потреба од респираторна поддршка нема каде да се хоспитализираат во државното здравство со ковид, поради тоа што интензивната нега на Инфективна клиника се реновира.