Пее како славеј, а оние што ја познаваат велат дека никогаш во животот не сретнале подобра душа
Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, денес изгледа многу поразлично отколку кога прв пат се појави на сцената
Оваа извонредна млада дама многумина ја паметат како убава и талентирана пејачка која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.
Но и покрај својот неверојатен талент, таа посебно ги изненади сите со уште поневеројатната трансформација што ја направи.
Имено, Ивона по шоуто реши драстично да го промени имиџот, но и да ослабне, а по операцијата на желудникот и првите резултати пејачката изгледаше непрепознатливи и сите ги изненади.
Таа тогаш ослабна повеќе од 50 килограми и ги шокираше сите кога нејзините фотографии прв пат се појавија во јавност.
Ивона операцијата ја направи во Турција, пред точно три години, а потоа им се врати на своите настапи и за кратко време стана една од најбараните и најпопуларните пејачки во Македонија.
Таа пред една недела го прослави својот 28 роденден, а само десетина дена порано ја издаде и својата нова песна која веќе е хит.