Пејачката Ирена Спасовска деновиве одмараше во Охрид од каде објави неколку фотографии направени на плажа.
Таа позираше на плажа додека уживаше на лежалка, а покажа и кој ја развеселува во овие летни денови.
Имено, Ирена се опушташе и сончаше покрај езерото, привлекувајќи внимание со своите раскошни облини, а цело време друштво и правеше нејзиното кученце. Познатата пејачка покажа и како го забавува миленичето, а многумина ги забележаа и тетоважите на нејзиното тело кои имаат посебно значење за неа
Таа позираше во костим за капење во впечатлива жолта боја, а сличен модел носеше и водителката Лила Филиповска.
Очигледно дека и двете наши познати дами се имаат вљубено во ваквиот модел, а на која од нив подобро и стои, просудите сами.