Сообраќајната несреќа се случила во албанскиот град Либражд во близина на преминот Ќафасан каде учествувал автомобил со македонски регистарски ознаки.
Во автомобилот со скопски регистарски таблички се наоѓало четиричлено семејство, при што со полесни повреди се здобиле родителите. Укажана им е лекарска помош во хируршкото одделение во Регионалната болница во Елбасан и се надвор од животна опасност, објавија албанските медиуми.
Сообраќајната несреќа се случила во 12:40 часот кај месноста Мураш, на патниот правец Либражд – Елбасан, кога дошло до директен судар на комби возило и автомобилот.
Несреќата се случила на делница од патот кој се реконструира, каде е поставен семафор за регулирање на движењето. Едно од возилата не го почитувало семафорот, судирајќи се со другото возило.
СТРАШНО: Македонско семејство повредено при сообраќајна незгода во Албанија