Извесен Димче Дамчевски пред неколку дена се пожали за сметката која ја платил во една од охридските кафеани. „Знајте з’ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з’ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек, а истите тие луѓе во ,,Атва”-Кичево нити 4000 денари, ете зато!!! П.С. Ова пастрмчево едното, не двете, демек ,,охридско”, не ет случајно сликано.. замислете 3 кг имало по 4.900 денари си го платиФне 14.700 денари. Нек ни ет наздравје, е зато немет гости, оти сакет да се збогатет наеднаш“, напиша тој на својот фејсбук-профил. Сега на социјалните мрежи се огласи и келнерот кој наводно бил на смена кога „оштетениот“ се гоштевал.
„На сред вода, со личен келнер, со музика специјално за нив, со полна маса со храна и пијалоци во толкава количина што едно село во Африка би јадело цела недела, а овој се жали дека во Охрид има платено 54.000 денари“,изјави тој.
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.