Тешка сообраќајна несреќа во Македонија:
Вчера во СВР Тетово било пријавено дека мотоциклист излетал на регионалиот пат с.Лешок кон с.Жилче. 38-годишниот К.П. со тешки повреди бил пренесен во Клиничката болница Тетово.
„Вчера околу 19.50 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на регионалниот пат с.Лешок кон с.Жилче, мотоцикл управуван од К.П.(38) од Скопје излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово“, се вели во билтенот на МВР.
Повеќе информации наскоро.
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА