СТРАШНО: Пожарот се шири кон бензинската пумпа и станбените згради, жителите панично бараат помош

0
14520

На видеата кои ги објави ТВ21 може да се види како пожарната не може да пристапи до запалениот Расадник во општина Кисела Вода од непрописно паркираните возила.

Пајак службата ги отстранува возилата кои се непрописно паркирани и оние кои пречат на пожарната да стигне до пожарот.

Наставата во основното училиште Круме Кепески е прекината а родителите добија порака да ги земат своите деца.

Пламените јазици се близу станбените згради што се наоѓаат близу Расадник.

„Во овој момент беснее шумски пожар во расадникот. Горат ореови дрвја грмушки и трева, пожарот се шири во сите насоки. Има екипи од скопските пожарникари. Околните објекти верувам ќе бидат заштитени. Има бензиска пумпа во близина, а во близина се и зградите во Кисела Вода, пожарот се шири на сите страни. Нема потреба од вознемиреност без разлика од густиот и црн чад, верувам дека пожарникарите ќе го изгаснат овој невообичаен и апсурден пожар“ – Стојанче Ангелов директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).