Вчера во 13.05 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на патот од с.Јаболци кон с.Брезница, скопско, настанал пожар.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека додека двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.