И покрај обидите на скопските пожарникари пожарот во расадник во скопската Општина Кисела Вода се уште не е под контрола.
Линијата на пожарот е на околу стотици метри, но директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека нема место за паника и вознемиреност кај граѓаните од околината.
Вегетацијата во расадникот на места е непроодна, па пожарникарите тешко се пробиваат за да пуштат црева од противпожарните возила.
На помош пристигна и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој заедно со пожарникарите го гаснеа пожарот.
Голем пожар го зафати Расадник во Кисела Вода. Уште веднаш по добиената информација, заедно со противпожарната бригада на градот Скопје, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и сите расположливи општински ресурси излеговме на терен каде заедно го ставивме под контрола.
Во овој момент се прават појаси за поголема заштита. Апелирам да не се крева паника бидејќи ситуацијата е под контрола.
Огромно благодарам до населението кое рамо до рамо со нас се бореше со огнената стихија. Заедно сме посилни!- напиша градоначалникот пред малку
Погледнете: