Приведен е Е.Ф (20) од Дебар кој е осомничен за извршување на обљуба врз 14-годишно девојче.
Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Осомничениот е приведен вчера во 18:30 часот а како што се дознава станува збор за малолетничка на возраст од 14 години.
Ова е прв ваков случај во последните неколку години.