Осумгодишно момче од Јута почина откако случајно се застрелало со наполнет пиштол оставен во автомобил додека неговата мајка пазарела.
Момчето го нашол пиштолот под седиштето и случајно си пукало во глава, брзо било пренесено во болница, но за жал починало.
Полицијата откри дека против мајката не е покренато обвинение, но истрагата за пукањето се уште е во тек, пишува Sky News.
Престрелката се случила пред продавницата Маверик.
Извесен Даг Шилдс полнел гориво кога слушнал истрел, проследен со женски крик.
Истрчал до автомобилот и видел вознемирена мајка која му рекла дека детето се застрелало.
Државата Јута нема закони кои бараат огнено оружје без надзор да се чува на одредени начини.