Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени.
Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Денеска попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.