Секоја година нашата држава се соочува со значаен предизвик – илјадници граѓани, најчесто млади и квалификувани лица, ја напуштаат земјата во потрага за по подобар живот.
Ова иселување не е новост, но во последните години се зголемува, оставајќи сериозни последици врз економијата, демографијата и иднината на државата.
Причините за иселувањето се комплексни и вклучуваат неколку клучни фактори.
Еден од главните фактори е економската нестабилност.
Невработеноста, особено меѓу младите, останува висока, а многу луѓе се чувствуваат безнадежни за својата иднина поради ниските плати, несигурните работни места и недоволните можности за професионален развој ги тераат луѓето да бараат подобри услови во странство.
Освен економските фактори, многу граѓани чувствуваат недоволна перспектива за личен и семеен развој во земјата.
Нивото на јавни услуги, како што се здравството и образованието, често се смета за незадоволително, што ги мотивира луѓето да бараат држави со повисок квалитет на живот.
Нискиот животен стандард, ограничени можности за напредок и високата корупција се дел од причините поради кои луѓето губат верба во институциите и бараат нови почетоци надвор од границите на земјата.
Многумина заминуваат за да обезбедат подобра иднина за своите деца, каде што тие ќе имаат поголеми можности за образование и кариера.
Иселувањето води кон стареење на населението, намалување на работоспособната сила и, следствено, слабеење на економскиот раст.
Треба под итно да се адресираат овие проблеми преку соодветни мерки за задржување на младите и квалификуваните кадри.
Тоа вклучува подобрување на економските услови, реформи во образованието и здравството, зголемување на транспарентноста и борба против корупцијата.