На 05.09.2024 во 00.10 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Л.Л.(38) и 30 – годишната М.А., двајцата од Велес.
На наплатната станица Сопот, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л., а сопатничка била М.А., при што биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и кафеава прашкаста материја.
Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.