Весна ја откри дијагнозата и објасни дека ракот на дојка ѝ бил дијагностициран на средината на април годинава и дека досега имала две операции.
Таа зборува и дека ги живее најтешките моменти, но и дека не сака сожалување.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
Петрушевска отворено зборува за тоа низ што поминува.
„Значи, кога ќе ја добиеш веста дека ти имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако станува одброено.“
“Значи, некако, вашиот почеток почнува да има и крај. Што не мора да значи дека е така.
Јас се обидов само поради мојата ментална состојба да не го кажувам тоа.
Инаку мојата дијагноза е од средината на април оваа година.
И тоа никој не можеше да забележи затоа што јас во меѓувреме настапив со 30 деца на ‘Глумците пеат’, бев во Битола.
Затоа што прво сум борец, второ – не сакам да кукам, трето – мразам патетика и четврто – можеби најважно од сè е што не сакам никој да ме сожалува, и тоа е нешто што е дел од мене.
Другиот момент што е многу важен е дека секогаш кога се соочувате со оваа работа, тоа е дека останувате сами.
И, не ви треба во тој момент баш никој да се грижи за вас затоа што секое подигнување на веѓа или некое затрпекување… мене барем ми пречи.
И иако сум човек којшто многу помагал и ќе помагам, за мене почувствував дека тоа не ми е потребно во овој момент…
Се работи за следново, имав две операции.
Значи, се работи за рак на дојка.
Тоа значи дека минатата година кога јас се оперирав, кога доктор Огнен ми ја извади жолчката, тогаш се направив систематски преглед каде што на десната града ми рекоа вели имате една фиброза којашто треба да се следи.
И таа јас ја следев одвреме-навреме, но реално колку тоа и да звучи смешно и парадоксално и многу апсурдно, но како што спиев, едно од кучињата ми скокна баш на десната града и толку ме заболе што другиот ден му се јавив на мојот добар другар, мојот спасител Огнен…“, раскажува Весна, меѓу другото.