Страшен инцидент се случил во Прибој, соседна Србија кога млад човек од Фоча се здобил со тешки повреди од струен удар.
Според сведоците, инцидентот се случил на железничката станица Прибој кога тој се качил на вагоните со намера да се слика за социјалните мрежи.
– Младо момче од Фоча вчера бил кум на свадба, утрово сакал да се слика и се качил на вагонот, при што дошло до силен струен удар.
Тој е тешко повреден и прво бил пренесен во болницата во Прибој, а потоа во болницата во Ужице.