Денес во попладневните часови синоптичарите најавуваат наоблачување и краткотраен дожд.
– Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност – соопштуваат од УХМР.
Поголема промена на времето ќе настане од понеделник, за кога метеоролозите најавуваат претежно променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
– Попладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд, наместа пороен проследен со грмежи и засилен ветер – нагласуваат од УХМР.
Температурата во понеделник ќе биде малку пониска од деновиве и ќе се движи од 13 до 21 степен наутро, додека максималната ќе се искачи од 23 до 29 степени.
Во вторник и понатаму променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 30л/м2), силен ветер и град.
Температурите ќе бидат во сличен интервал.