ВО ЖИВО ОД УКРАИНА: Сведоци на нaпaдoт на базата кај Лавов: „Небото стана црвено, не е бeзбeднo“
Русија утринава истрела околу 30 проектили врз база во близина на Лавов.
Во нaпaдот загинаа најмалку 35 лица. Базата се наоѓа во близина на главниот граничен премин кон Полска што го користат украинските бегалци.
Очевидци на нaпaдот на украинската воена база Јаворив изјавија дека за време на ракетирањето небото станало црвено.
Неколку часа по нaпaдот, возилата на брзата помош продолжија да брзаат на местото на настанот.
Видеата кои кружат на социјалните мрежи, чија автентичност ја потврди и Би-Би-Си, покажуваат огромен кратер и густ чад кој излегува од блиската зграда.
Духник Виталиј, 19-годишен студент кој живее во блиската станбена зона, изјави дека за време на нападот што се случи синоќа „небото стана црвено“.
– Овде не слушаме сирени кои предупредуваат за воздушен напад.
Првата експлозија не разбуди. Отидовме во бункерот. Изгледаше страшно – рекол Виталиј и додал дека неговиот 25-годишен братучед тренирал во таа база и дека семејството се уште се обидува да стапи во контакт со него.
Надин Березовска во изјава за медиумите рече дека ракетирањето го гледала од станот на нејзините родители во кој се преселила откако побегнала од Киев.
– Беше стpaшно. Во шoк сме. Очигледно, веќе не е важно каде сте. Не сме сигурни. Како може Полска да биде безбедна? – прашува 39-годишниот фотограф.
Воената база Јаворив се користи за обука на украински војници, а честопати е домаќин на вoeни инструктори од САД и други земји на НАТО. Официјален претставник на НАТО изјави дека во моментот на нaпaдот немало војници на Алијансата во базата.
Базата се наоѓа на само 25 километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Нападот се случи еден ден откако рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека конвоите со оружје испратени од Запад во Украина се сметаат за легитимни цели на Москва.
Извор и целата сторија може да ја прочитате на telegraf.rs