На 1-ви октомври 2024 година (вторник) ќе биде исплатена септемвриската пензија, која ќе биде зголемена за 2.500 денари за сите пензионери линеарно.
Некои од македонските банки ќе ја исплатат пензијата и еден ден претходно.
На 12-ти септември, Собранието ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се предвидува линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари, почнувајќи од 1-ви септември оваа година и 1-ви март следната година.
На 14-тата седница на Собранието, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување беше изгласан по скратена постапка, со 78 гласа “за”.
Линеарното зголемување на пензиите е дел од изборното ветување на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според Министерството за социјална политика, демографија и млади, усвоените измени имаат за цел подобрување на животниот стандард и обезбедување поквалитетен живот за пензионерите.