Пумпата го повлекла момчето на дното – ова се деталите за трагедијата на Златибор

0
2930

Шестгодишно момче од Белград се удави вчера во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, трагедијата е предизвикана од пумпата на базенот.

Наводно, кога момчето нурнало, пумпата го повлекла на дното.

Очевидците се обиделе со сите сили да го извлечат детето, но поради создадениот вакуум, не успеале, а момчето починало.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, е наредена обдукција на телото на детето.

Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата задолжена за одржување на базенот. На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, и е обвинет за сериозно дело против општата безбедност.

Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е неговата баба, објави „Блиц.рс“.

Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот каде што се случила трагедијата, но од вработените одбиле да даваат изјави за медиумите.