Фудбалерот на Панатинаикос и грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронајден мртов во својот дом во Атина, поточно во базенот, пренесуваат грчките медиуми.
Според првичните информации, Балдок бил пронајден под вода и немало начин да се спаси.
Деталите за трагедијата се уште не се познати.
Балдок ова лето се приклучи на Панатинаикос по долгогодишна кариера во Шефилд Јунајтед.
Иако е роден во Англија, Балдок играше за грчката репрезентација од 2022 година, благодарение на неговите грчки корени преку баба му.