На 22.10.2024, околу 15 часот, во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, измамата се случила преку социјална мрежа, каде оштетената била наведена да инвестира во криптовалути.
Во наведениот период, жената ги уплатила парите на жиро сметка која и била дадена од лице што ја измамило.
Полициските служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.