Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините во северна Норвешка, соопшти полицијата.
Камења паднале врз возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излетал од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија „НРК“.
Во несреќата едно лице загина, а четири лица се повредени, јави новинската агенција НТБ, повикувајќи се на полициски претставник.