Monday, September 25, 2023
18.8 C
Skopje
HomeЗАБАВААлфа Бенд група составена од млади музичари кои се вистинско освежување на...

Алфа Бенд група составена од млади музичари кои се вистинско освежување на нашата сцена

-Реклама-

Алфа Бенд е музичка група составена од млади музичари. Изведуваат музика од различни жанрови. Неодамна тие снимија нов проект заедно со вокалот Методија Столески, кој од неодамна е во блиска соработка со бендот.

Проектот вклучува обработка на три македонски народни песни.
Првата песна “Љубовен танец” е дело на Никола Коцев, текстот е на Борче Нечовски, а во оригинал ја изведува Марјан Коцев.
Втората песна пак, “Леле мори Јано” е во изведба на Благоја Грујовски од албумот “Моја Река”.
Третата песна “Маре, Маре мори бела Маре во оригинал ја изведува доајенот на народната македонска музика, Војо Стојаноски.

Но, Алфа Бенд не застануваат тука.
Бевме во посета на една од нивните проби и можеме да кажеме дека дечките работат во полна пареа и неуморно спремаат уште еден нов проект.

“Работиме напорно, секоја седмица имаме редовни проби, бидејќи само со голем труд и многу работа ќе ја постигнеме секоја зацртана цел.

Сега за сега добро функционираме, заедно сме веќе четврта година и се надевам дека уште многу години ќе го работиме најубавото нешто на нашите простори, а тоа е изведувањето на македонската песна и македонските ора, како и секоја друга убава и пријатна музика, а со тоа и развеселувањето на народот на прославите. Нема нешто поубаво од тоа кога на прославите ќе видиме дека сите луѓе се станати на нозе, уживаат и се веселат следејќи го ритамот на нашата мелодија.” – раскажува Кико, бубњарот на бендот.

“Имам петнаесетина авторски песни, но соработката со Алфа Бенд е нешто посебно. Атмосферата во бендот е одлична, функционираат беспрекорно, ме прифатија многу добро и брзо се вклопивме, и во работата, но и во дружбата.” – вели вокалот, Методија.

“Новиот проект ќе вклучува песни од повеќе жанрови од разни балкански култури. Веќе ги дефиниравме деталите и очекуваме во скоро време проектот да биде веќе достапен за нашите слушатели. Најава за авторска песна !? Долго време размислуваме на таа тема да се обидеме да создадеме нешто свое и на добар пат сме, имаме добар материјал и ќе се потрудиме во тековната година истиот да го реализираме.” – додава Алекс, клавијатурист во бендот.

“Работата ни претставува задоволство. Секоја нова проба ни е нов предизвик. Уживаме додека музицираме. Тоа нè исполнува и нè прави среќни. Последниов период работиме на неколку мои нови ора, кои во основа се мои композиции, коишто заедно, во соработка со колегите, ќе се обидеме да ги изведеме и претставиме на слушателите на најдобар можен начин. Претходно успеавме да преработиме едно мое подзаборавено оро, Марјанов мерак, и во ново руво да го претставиме на нашите слушатели.” – додаде Христијан, хармоникашот на Алфа Бенд.

“Како што кажа и Кико, одлично ни оди, работната атмосфера е супер, вложуваме многу, како на пробите, така и на нашите настапи. Сами ги избираме музичките нумери и сами ги снимаме. Микс и мастеринг е задача на Мето, што значи аудио-проектите се комплетно наш производ.” – објаснува кларинетистот и саксафонистот на бендот, Тео.

Иако скромни, момците од Алфа Бенд има со што да се пофалат. На возраст од 18 – 23 години, веќе имаат зад себе бројни проекти и настапи на разноразни прослави (свадби, веридби) и многу други веселби ширум земјава.
Но, како што и самите кажаа, само со напорна работа и многу труд може да се постигне посакуваната цел.

Не двоумете се, Алфа Бенд е вистинскиот избор за вашата семејна прослава. Проследете ја нивната работа на нивниот јутјуб канал – Alfa Bend Skopje, како и на Facebook и Instagram профилите.

Инфо и резервации: 071-713/888

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Реклама -

ПОПУЛАРНО

Алфа Бенд група составена од млади музичари кои се вистинско освежување на нашата сцена

Реклама