Веќе втор ден се трага по 63-годишниот скопјанец Богољуб Митов, кој вчера го напуштил својот дом и од тогаш му се губи трагата.
Неговата ќерка Александра изјави за „Фокус“ дека Богољуб боледува од деменција и депресија, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.
Семејството апелира до сите кои би го забележале да го задржат и да се јават во полиција или да контактираат со нив на бројот 078 865 670.
Богољуб не носи мобилен телефон, облечен е во црни тренерки и сив џемпер и носи влечки.
Неговата ќерка истакнува дека тој не е насилен и дека е контактибилен, па затоа ги охрабрува граѓаните да му пријдат и да му помогнат.