Утрово во Австрија е извршен атентат при кој загина Франц Хофер, градоначалник на општината Кирхберг.
Според првичните информации, се претпоставува дека градоначалникот бил убиен на ливада во Алтенфелден, соседна општина до Кирхберг об дер Донау. Во истиот регион е пронајдена и втора жртва, а медиумите јавуваат дека е откриено и трето тело, иако оваа информација не е потврдена од полицијата.
Осомничениот напаѓач е во бегство и се верува дека е вооружен со долга пушка. Локалните жители го опишуваат како „тежок“ човек со претходни проблеми поврзани со заштита на природата и животните.
Се претпоставува дека напаѓачот пукал во градоначалникот од далечина од 500 метри, криејќи се во блиската шума, пренесува „Кронен цајтунг“. Полицијата ги предупредува граѓаните да останат во своите домови поради опасноста од вооружениот сторител.