58-годишна жена од неготинско село е приведена поради сомнеж за физички напад и закани кон снаата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Според податоците од СВР – Велес, во 21:05 часот синоќа, полициските службеници од ОВР – Неготино ја привеле К.У. од неготинско село, откако била пријавена за напад и закани кон својата 32-годишна снаа во нивниот семеен дом.
Жената е задржана во полициската станица, а по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.