Млад брачен пар одлучи да ја одбележи својата венчавка на крајно уникатен начин – во пламен. Гејб Џесоп и неговата сопруга Амбир, кои работат како каскадери и се запознале на филмски сет, решиле да го изразат своето „ДА“ со спектакуларен оган.
Видеото од нивната венчавка, кое стана вирално на TikTok, собра милиони прегледи, а на платформата X се појави и снимка од друг агол, која покажува дека ситуацијата не била целосно мирна. Иако видеото прво прикажува како парот се движи кон олтарот со букет и спуштена коса, на крајот следи сцена каде ги гаснат со противпожарни апарати. Оваа сцена многумина ја споредија со филмот The Hunger Games, каде што актерите Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон исто така изведоа сцена со оган.
Во подолгата верзија на видеото, забележителен е моментот на мала паника кога огнот почнува да се шири кон косата на Амбир, предизвикувајќи парот брзо да претрча покрај гостите. За среќа, се завршило без последици, благодарение на заштитниот гел против изгореници што го носеле и употребата на екстензии.
Коментарите на социјалните мрежи се поделени – некои сметаат дека ова е претерано, додека на други им се допаѓа уникатниот начин на прослава.
Bride and groom set fire to their costumes during the ceremony pic.twitter.com/B2M4Kgm1Zb
— Crazy Clips (@crazyclipsonly) October 20, 2024