Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко, осомничен за обљуба врз 20-годишна жителка од радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница, соопштија од СВР Струмица.
Осомничениот бил уапсен вчера во 18:45 часот и задржан во Полициската станица во Струмица. За случајот е информиран јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.