На 30 октомври 2024 година, околу 15:07 часот, СВР Скопје доби пријава за физички напад врз вработен во Јавното претпријатие „Градски паркинг“ на паркинг простор во општина Аеродром. Инцидентот се случил околу 14:30 часот, кога 58-годишниот М.Т. од Скопје поставил блокатор на патничко возило со хрватски регистарски ознаки. По оваа постапка, тој бил нападнат од непознато лице, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите поврзани со инцидентот.