Tuesday, November 5, 2024
17.8 C
Skopje

Дел од потпорниот ѕид се сруши на паркингот на Детската клиника

-Реклама-

Делови од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“ во близина на Клиниката за детски болести продолжуваат да се одронуваат поради постојаното извирање подземна вода.

Реклама

Оваа ситуација претставува опасност не само за самото ѕид, туку и за самата улица, со ризик од поголеми инциденти кои можат да загрозат човечки животи и имот.

-Реклама-

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, свика координативна средба со претставници на релевантни институции. На средбата беше донесена одлука за привремено решение: Министерството за здравство ќе изгради ограден-попорен ѕид, а Град Скопје е задолжен да изработи план за нов сообраќаен проект во соработка со СВР – Скопје, со цел да се намали сообраќајот на тешки товарни возила.

-Реклама-

Исто така, побарано е да се пресадат дрвјата долж улицата „Белградска“.

Проблемот продолжува да остане нерешен, а ситуацијата беше тема на денешната средба за „Загрозување на животот и здравјето на луѓето и материјалните добра поради подземните води и одроните на потпорниот ѕид“.

Учесниците вклучуваа претставници од Министерството за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекцискиот совет и Министерството за внатрешни работи.

Како долгорочно решение, Град Скопје треба да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно. Оваа студија ќе служи како основа за трајни мерки, вклучително изградба на нова улица со соодветна каналска мрежа.

Директорот Ангелов на 10 јуни годинава предупреди за лошата состојба на потпорниот ѕид, нагласувајќи дека добил пријави од граѓаните. И покрај предупредувањата, надлежните институции не презеле никакви мерки за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

Општина Центар тогаш објави соопштение во кое остро ги демантираше наводите за одговорност, префрлајќи ја на Град Скопје. Министерството за здравство истакна дека е неопходно да се најде заедничко решение со Градот и Општината Центар за проблемот со урнатиот потпорен ѕид.

Според Министерството за здравство, ѕидот е изграден на државно земјиште, но Министерството не има право за трајно користење на тоа земјиште.

(А.П.) – Фото: Ѕ. Плавевски

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО