Силен земјотрес со магнитуда од 5.3 степени по Рихтер ја стресе Грција предмалку, или поточно во 19:03 часот по грчко време.
Епицентарот на земјотресот е на 62 километар од Солун, односно на првиот крак на Халкидики.
Земјотресот е на длабочина од 10 километри, а од она што го кажуваат граѓаните таму, истиот значително се почувствувал.
Земјотресот е почуствуван и во јужните делови на Македонија каде јавуваат граѓаните дека имало силно нишање во куќите.
По 8 минути уште еден послаб земјотрес од 2.6 степени по Рихтер го потресе истото подрачје.
Извор: Метео прогнозер – Славчо Попоски