Во експлозија на гасна инсталација во станбена зграда во градот Чорум, северна Турција, загина едно лице, а најмалку 16 лица се повредени, соопшти градоначалникот Али Чалган за турската радиотелевизија ТРТ.
Според градоначалникот, тројца од повредените се во критична состојба. Експлозијата се случила на еден од катовите во петкатната зграда на централната улица „Османџик“.
Пожарникарите наведуваат дека најверојатна причина за експлозијата е дефект во гасната инсталација на зградата. Поради празникот, повеќето жители биле дома во моментот на несреќата.
Инцидентот предизвика штета и на околните објекти и возила. Жителите на зградата се евакуирани, а областа е обезбедена.
Формирана е комисија за истрага на причините за експлозијата.