Врз основа на пријава, полициски службеници од ОВР Струга синоќа во 19 часот одзеле ловна пушка со калибар 16 милиметри од 83-годишен жител на струшкото село Мислешево.
Се сомнева дека тој ја употребил пушката за да усмрти ловечко куче, сопственост на 43-годишен соселанец.
По целосно утврдување на околностите на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.