Wednesday, December 11, 2024
17.8 C
Skopje

СТРАШНА ВЕСТ: Пронајдено е загрижувачки високо ниво на жива во конзервирана туна низ Европа

-Реклама-

Алармантни нивоа на жива се откриени во конзервирана туна низ Европа, покажуваат најновите истражувања.

Реклама

Истражувачите повикуваат на итни и построги регулативи, потенцирајќи дека живата може да предизвика оштетувања на мозокот и бубрезите, како и да биде поврзана со развој на одредени видови рак.

-Реклама-

Истражувањето, кое опфати речиси 150 лименки туна купени во Франција, Италија, Шпанија, Германија и Велика Британија, откри дека сите биле контаминирани со жива.

-Реклама-

Живата е токсичен метал и силен невротоксин, кој сериозно влијае на нервниот систем. Изложеноста може да предизвика оштетувања на бубрезите и мозокот, а се поврзува и со зголемен ризик од срцеви заболувања и рак.

Според актуелните регулативи на ЕУ и Велика Британија, дозволеното ниво на жива во туната е 1 милиграм на килограм, додека за други видови риба, како бакаларот, границата е 0,3 милиграми.

Од анализираните лименки, 57% го надминале нивото од 0,3 mg/kg жива, според извештајот на невладините организации „Блум“ и „Фудвоч“ од Париз. Во Париз дури и еден примерок имал 3,9 mg/kg, што е 13 пати повеќе од дозволеното ниво.

Живата главно влегува во океаните преку атмосферски наслаги од емисиите на електрани на јаглен. Во вода, живата се претвора во метилжива, што е многу токсично соединение. Како врв на синџирот на исхрана, туната се храни со риби кои апсорбираат значителни количини жива од водата, а албакор туната е позната по високото ниво на овој метал.

Изложеноста на метилжива може да доведе до оштетувања на бубрезите, ткивата и нервниот систем кај луѓето. Токму оваа супстанца може да предизвика невролошки и бихејвиорални нарушувања, како и проблеми со видот, а го зголемува и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Светската здравствена организација ја класифицира живата како една од десетте најопасни хемикалии за јавното здравје. Бремените жени и децата се особено подложни на негативното влијание на метилживата, која со генерации се задржува во екосистемите, предизвикувајќи сериозни последици. Истражувањата за врската помеѓу живата и ракот кај луѓето сѐ уште се ограничени.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО