Ситуацијата со хаосот во јавниот превоз во Скопје останува критична.
Приватните превозници продолжуваат со возење само по 17 часот, откако нивното барање за зголемување на цената по изминат километар не се разгледа на дневен ред. Додека градските власти бараат решение, граѓаните и понатаму чекаат автобуси.
Минатото лето го издржаа под високи температури, а сега се принудени да чекаат превоз и на ниски зимски температури на автобуските постојки.
Во меѓувреме, се отвори дебата околу можноста Белград да донира автобуси од марката „Соларис“ за Скопје, а претставници од Белград изјавија дека доколку дојде до ова, жителите на Белград би користеле претежно кинески и турски автобуси.
Ова за Телма го изјави директорот на Центарот за локална самоуправа и поранешен градски советник, Никола Јовановиќ, кој оцени дека ваквата одлука не е во интерес на никого.