Денеска, велосипедската заедница во Македонија се простува од Слободан Трајковски – Боби, човек кој неуморно работеше на популаризација на рекреативните активности и беше визионер и иницијатор на бројни проекти „на две тркала“.
Трајковски стана познат во јавноста со своите експедиции кои вклучуваа паралелно возење со легендарната трка „Тур де Франс“, каде што повеќепати гордо го развеа македонското знаме. Иако не беше дел од спортските федерации, со својата посветеност и организациски талент тој беше двигател на бројни идеи и акции, како и еден од основачите на здружението „ВелоЕвропа.“
Со негова иницијатива беа организирани велосипедски настани на разни локации низ Македонија, вклучувајќи го Мариово, Маврово, Галичица и други.
Неговата посветеност кон македонското наследство и спојот на традицијата со современите потреби за рекреација треба да биде инспирација за сите. Нека му е вечна слава!