Во СВР Скопје вчера во 11 часот, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека на 1 ноември 2024 бил измамен за 50.000 денари од едно лице.
Според пријавата, лицето се претставило како вработено во МВР и му ветило дека ќе му помогне со лекување на неговиот син, а подоцна и со вработување. За оваа „услуга“ му побарало пари. Откако го предал износот, телефонот на лицето бил недостапен, по што сфатил дека станува збор за измама.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.