На 05.11.2024 во 08.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека кај место викано „Тузлучка маала“ кај с.Бигла, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(25) од с.Бигла, делчевско и патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Л. (73) од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Л., а со телесни повреди се здобила Н.И., констатирани во здравствена установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.