Голем број граѓани чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на вредносни ваучери за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика.Оваа мерка е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.
Изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, беа спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното МиВкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето, соопштија од Министерството.