Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а досега нема информации за претходното лекување на девојчето пред пристигнувањето на скопската клиника, пренесува телевизија Сител.
Од Клиниката соопштија дека девојчето од Скопје било примено пред две недели поради силна главоболка. Првично било лекувано на одделот за неврологија, но состојбата ѝ се влошила минатата недела, по што било префрлено на интензивна нега и интубирано. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот тим, детето, кое развило менингоенцефалит, починало пред два дена.
Во последниот период, беше регистрирана смрт на уште едно дете од Струмица, како и на 14-месечно бебе минатиот месец.