Возач на 67 години од Скопје е приведен од тетовската полиција синоќа во 19:25 часот поради возење во спротивен правец на автопатската обиколница за Тетово.
– Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле В.Т. (67) од Скопје, откако по пријава било утврдено дека со своето патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблици се движел во спротивен правец на автопатот Тетово-Скопје, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Возачот е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци.