Полицијата пронашла неколку предмети за кои се верува дека и припаѓале на 43-годишната Лидија Трајковска, која од завчера е пријавена за исчезната, а последен пат била видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека го утврдиле движењето на жената – таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево.
На тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот вчера биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер.
Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин.
Фотографиите од Трајковска, објавени од семејството, се пренесуваат на социјалните мрежи, со информации каде и како граѓаните да пријават ако ја забележат.