Tuesday, December 10, 2024
17.8 C
Skopje

Пет практични совети како да се шминкате ако носите очила

-Реклама-

За дамите кои носат очила, шминката е многу важна во одредени ситуации. Тие мислат дека бидејќи носат очила, шминката нема да се види или да се спои со рамката на очилата што ги носат.

Реклама

Но, тоа е грешка бидејќи носењето очила не значи дека не треба да се грижите за вашето лице и да ја истакнете вашата убавина. Прочитајте подолу практични начини на шминкање ако носите очила.

-Реклама-

1. Primer им помага на очилата

-Реклама-

Повеќе од иритирачки е кога очилата ќе ви се лизгаат од носот секогаш кога ќе погледнете настрана. За да го спречите тоа, нанесете мала количина прајмер на носот, таму каде што ве допират очилата. Тој ќе остави „малку леплива“ површина што ќе обезбеди очилата да останат на своето место.

2. Нанесете посветла нијанса

Можеби ќе треба малку да експериментирате со ова, но штом ќе ја пронајдете вистинската нијанса, ќе бидете мирни. Имено, важно е да ставите нијанса посветла од бојата на рамката на вашите очила, бидејќи на тој начин вашите очи ќе дојдат до израз и ќе изгледате соодветно, без да го нарушите општиот изглед.

3.Соодветен молив за очи

Ако не сте сигурни како да носите молив за очи со очила, веројатно не сте единствените. Постои едноставно правило: ако вашите рамки се дебели, одлучете се за дебел ајлајнер, додека ако рамката ви е тенка, линијата на ајлајнерот треба да биде иста.

4. Маскара за зголемување на волуменот

Најпрво најдобро е прво да користите виткач за трепки, па дури потоа да нанесете маскара, за да го зголемите волуменот. Поважно е да бидат пополни отколку подолги, бидејќи доколку ги „продолжите“ може да го допрат стаклото од очилата и да го измачкаат.

5. Коректорот е ваш пријател

Некои рамки може да ги зголемат темните кругови под очите, што дефинитивно не е изгледот кој го сакате. Затоа, треба да користите коректор во тонот на вашата кожа за да се спротивставите на овој ефект.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО