Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје.
Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.
-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.